Откажани концерти на Енрике Иглесиас, организаторот му избегал со еден милион евра!

Планетарно популарниот музичар Енрике Инглесиас требаше да одржи концерт во Загреб на почетокот на декември, меѓутоа како што пишуваат странските медиуми, концертот е откажан поради измама на организаторот.

Хрватските медиуми го контактирале здружението за продажба на билети, па добиле официјална изјава дека договорот не бил исполнет од страна на организаторот.

– Концертот е откажан поради неисполнување на договорените обврски од страна на организаторот. Покрај концертот во Загреб откажани се концертите на Енрике во Минск и Рига, исто така во организација на истиот организатор. Организаторот е од Бугарија.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.