Откажани концертите на ДНК во Австралија

Tрите закажани концерти на ДНК во Сиднеј, Мелбурн и Перт, се откажани во последен момент. Организаторот се уште ги нема наведено причините за откажаните концерти за кои што беа објавени плакати, а голем дел од картите и распродадени.

„Разочаран сум од непрофесионалниот однос на организаторот и во наше име им се извинуваме на фановите во Австралија за настанатата ситуација. Ветуваме дека дефинитивно ќе одржиме концерти таму, но со вистински професионалци кои ја знаат својата работа, а не со манипулатори како што беше во случајов“, изјави Панчо.

ДНК на концетрите пред австралиската публика требаше да ги промовира своите најголем хитови од десетгодишното постоење на дуото.

Дуото во моментот подготвува нов сингл што би требало да се промовира летово.