Откриен генот кој го удвојува ризикот од тешка форма на Covid-19

Полски научници го идентификувале генот кој повеќе од двојно го зголемува ризикот од тешко разболување од Covid-19, што претставува откритие за коешто се надеваат дека може да им помогне на лекарите да ги идентификуваат лицата кои се најмногу изложени на ризик од оваа коронавирусна болест, пренесува полската национална новинска агенција PAP.

Имајќи предвид дека колебањето во поглед на вакцинирањето е главниот фактор на високата стапка на смртност од коронавирусот во централна и источна Европа, истражувачите се надеваат дека идентификувањето на лицата со најголем ризик ќе ги поттикне на вакцинирање и ќе им овозможи пристап до поинтензивни можности за лекување откако би се случила заразата.

„По повеќе од година иполовина работа стана можно да биде идентификуван генот одговорен за предиспозиција за тешка форма на оваа болест. Тоа значи дека во иднина ќе можеме да ги идентификуваме лицата со предиспозиции сериозно да имаат последици од Covid-19“, изјави полскиот министер за здравство Адам Нједзјелски.

Научниците од Медицинскиот универзитет во Бјалисток откриле дека варијанта на ген е четвртиот најважен фактор кој одредува колку едно лице сериозно ќе заболе или ќе почине од Covid-19, по возрастана, телесната тежината и полот, при што кај мажите е поголем ризикот. Тој ген е прусутен кај 14 отсто од полската популација, во споредба со 8 до 9 отсто во целата Европа и 27 отсто во Индија, вели професорот Марцин Монјушко, водач на истражувањето изведено на над 1.500 промероци,

Монјушко истакнува дека несовпаѓањето меѓу фреквенцијата на овој тип гени кај популациите е доказ дека резултатите од истражувањата во други земји не треба автоматски да се пренесуваат на национален контекст.

„Од почетокот на пандемијата се обидуваме да разбереме зошто дури и меѓу луѓето на слична возраст, некои се заразени асимптоматски додека други се борат за своите животи. Благодарение на ова истражување, ние сме сѐ поблиску до разбирање на овој феномен“, изјавија од Универзитетот.

Други студии, исто така, ја покажаа важноста на генетските фактори за тоа колку кај еден пациент сериозно ќе се развие Covid-19. Во номеври британски научнции објавија дека идентификувале верзија на ген којашто би можела да бдие поврзана со двојно поголемиот ризик од застој на работата на белите дробови при заболување со Covid-19.