Откриен идентитетот на стрелeцот во Норвешка, нападот е терористички акт

63

Нападот со лак и стрели во кој во норвешкиот град Конгсбер го изведе Данец кој се преобратил во исламот, веројатно е терорстички чини, соопшти норвешката полиција.

Данскиот државјанин, 37-годишниот Еспен Андерсен Браатхен, чиј индетите полицијата го обелодени во четвртокот доцна попладнето, е осомничен за убиство на пет луѓе во нападот со лак и стрил и со друго оружје.

Петмината убиени, четири жени и маж, биле на возраст од 50 до 70 години. Две лица, од кои едното е полицаец кој не бил на должност, се ранети во нападот.

Андерсен Браатхен се преобратил во исламот и полицијата и претходно регистрирала кај него знаци дека се радикализирал, но немал извршено никакво дело.

„Во моментов се чини дека настаните во Конгсберг се последица од терористички чин“, објави норбешката безбедносна агенција PST,

Истрагата, додаваат во соопштението, ќе го открие мотивот за овој напад, налошиот кој ја погоди Норвештка од 2011 годин, кога крајно десниот екстремист Андерс Бехринг Брејвик уни 77 луѓе, главно тинејџери учесници на малдинскиот политички камп на владејачката левичарска лабуристичка партија.

Братхен во моментов е во притвор и се верува дека дејствувал сам. Судот во петок ќе одлучи колку долго ќе остане во притвор.

Нападот се случи во мугрите и траел повеќе од половина час на поширокот подрачје на Конгсберг, вклучително и во трговскиот комплекс „Coop Extra“, објави дневниот весник Aftenposten.

Полициската управа по нападот им наложи на полициските службеници ширум земјата да го носат службеното оружје. Норвешката полиција во принцип е невооружана, но офицерите имаат пристап до оружјето кога за тоа ќе се јави потреба. Соопштено е дека станува збор за мерка на претпазливост, како и дека „засега нема знаци дека би се менувало националното ниво на опасноста“.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.