2.8 C
Skopje
петок, април 19, 2024

Откриен идентитетот на жената чие тело беше извлечено од Вардар

Скопјанката со иницијали Ф.В., на 68-годишна возраст, е жената чие мртво тело беше пронајдено вчера во водите на реката Вардар во населбата Аеродром, информираше МВР.

По наредба на јавен обвинител, телото на починатата е дадено на обдукција. Како што претходно беше јавено, телото на жената го забележал минувач на кејот и повикал полиција.