Откриен индентитетот на мртвиот маж во Охрид

Седумдесет и три годишниот Цветан Ј. од охридското село Куратица е идентитетот на мртвиот маж кој вчера беше пронајден кј Градскиот пазар во Охрид.

Цветан Ј. бил идентификуван од член на неговото семејство.

На неговото тело нема траги на насилство.

Инаку, починатиот вчера беше забележан паднат на тротоарот кај градскиот пазар, по што со возило на Брзата помош бил итно пренесен на интерното одделение во oпштата болница каде што починал.