Откриен мистериозниот „татко на биткоинот“?

Мистериозниот Сатоши Накамото, таткото на биткоинот, не е математички генијалец од Токио, ниту група генијални анархисти кои се кријат зад тој псевдоним, туку станува збор за 64-годишен физичар од САД со јапонско потекло, кој не сака многу да зборува за биткоинот, пишува американски „Њузвик“.

Легендарниот весник се враќа на печатење по долго време, а првиот број го отвора со контроверзен текст поврзан со креаторот на виртуелната валута на новинарката Лиј Меграт Гудман, која тврди дека по двомесечно истражување конечно го пронашла мистериозниот Накамото.

Целосното име на човекот кој е наводен креатор на овие виртуелни валути е Доријан  Прентис Сатоши Накамото, татко на шест деца, кој дипломирал физика на Политехничкиот универзитет во државата Калфорнија, а сега живее целосно повлечено и скромно во гратчето Темпл Сити.

Негово хоби е собирање на модели од возови, а кариерата му била исполнета со мистерии и „црни точки“, бидејќи наводно работел на строго доверливи работи за големи корпорации како и за американската војска.

Неговите пријатели го викаат Доријан, а не Сатоши.

Во текстот посветен за него наведува дека не знае што се случува со стотината милиони долари бидејќи тој овие вирутелни валути не ги ни изговара.

„Не сум веќе вмешан во тоа и не сакам да разговарам. Тоа сега им е препуштено на други луѓе. Сега тие се главни. Јас повеќе немам врска со тоа“, рекол Накамото, кој според новинарката „посредно признал дека е одговорен за биткоинот“.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.