Откриен најраниот симптом на коронавирусот кој влијае на сериозноста на болеста

Д-р Ахмад Седагат, на Институтот за неврологија на Универзитетот во Синсинати Гарднер.

Еден од најраспространетите симптоми на коронавирсуната респираторна инфекција Covid-19 е губењето на мирисот и може да укажува на сериозноста од развојот на болеста, открива професорот по хирургија на Универзитетот Синсинати, Ахмад Седагат, чијшто научен труд е објавен во специјализираниот портал EurekAlert.

Неспособноста да се чувствуваат мирисите, појава на анозмија/хипозмија, во просек се манифестира на трериот ден од заболувањето,а повеќето од тие пациенти, исто така, го губат и чувството за вкус. Ова го покажале резултатите од истражувањето спроведен од Седагат меѓу 103 инфицираните жители швајцарскиот антон Арау хоспитализирани во тамошната кантонална болница,  каде што овој симптом се појавил кај 61 отсто од испитаните пациенти.

„Во ова истражување, исто така, откривме дека степенот на губењето на чувството за мирис е во сооднос со сериозноста на другите симптоми на короанвирусот. Доколку анозмијата била силно изразена, тогаш и другите симптоми, какп недостигот од здив, треската и кашлицата, биле поизразени“, истакнува аторот на студијата.

Покрај тоа, се покажал, о дека половината од пациентите забележале дека имале затнат нос, а 35 отсто имале течење од носот. Ваквите симптоми биле впечатливи кај помладите испитаници во истражувањето. Седагат вели дека ова е важно затоа што претходните студии посочувале оти овие назални симптоми биле ретки при Covid-19, па овие симптоми биле припишувани на алергии а не на инфекција со коронавирусот.

До слични резултати дојдоа во март и британските научници, кои ги истражуваа пациентите кои немале други симптоми на коронавирусот освен губење на чувството за мирис иако биле инфицирани. Препорачаа како превентивна мерка, ваквите лица кои почнале да имаат проблеми со мирисот да бидат изолирани најмалку седум дена.