Откриен најстариот примерок на човек кој имал рак

Британските археолози го откриле најстариот примерок од човечко суштество кое имало метастазиран рак и се надеваат  дека со овој нов пронајдок ќе се дознаат нови информации за болеста.

Истражувачите од универзитетот Дурхам и Британскиот музеј откриле докази за постоење на карцином кој се раширил по целото тело на 3.000 години стар костур пронајден минатата година во Судан.

Анализа  скелетот дала  јасна слика на лезиите на коските, која покажува  дека ракот се проширил и предизвикал  тумори кај многу коски, вклучувајќи го и ‘рбетот, ребрата и бедрената коска.

Се работи за костур  на возрасен маж, кој во моментот на смрт имал меѓу 25 и 35 години. Пронајден е на археолошката локација Амара Вест во северен Судан на Нил.

Научиниците засега можат само да шпекулираат што предизвикал рак кај малиот човек, како и можните причини за канцерогени фактори во тогашната животна средина, како чадот од шумските пожари, заразни болести како шистозомијазата и болести предизвикани  од паразити.

ДНК анализа на скелетите  и мумиите во кои се покажало  постоење на рак може да помогне во анализата на мутации на специфични гени за кои се знае дека се поврзани со одредени видови на рак.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.