Откриен нов вид на коронавирус во Британија

Велика Британија открила уште еден нов вид на коронавирусот, изјавил министерот за здравство Мет Хенкок, а нов вид потврди и Израел кај неколку патници кои допатувале од Британија.

– Детектиравме два случаи на нов вид тука во Британија – изјавил Хенкок.

Тој додал дека и во двата случаи станува збор за контакти на луѓе кои во изминатите неколку недели допатувале од Јужна Африка.

– Овој нов вид многу не загрижува бидејќи полесно се пренесува и изгледа мутирал во споредба со првиот нов вид, кој претходно го откривме – вели министерот.

Премиерот Борис Џонсон и неговите советници информираа во саботата за новиот вид коронавирус кој би можел да биде до 70 отсто позаразен и брзо се шири низ Британија иако не се смета за посмртоносен или поопасен за развивање на потешка форма на болеста.