Откриен нов водопад над локалитетот „Смрдлива вода“

Откриен нов водопад над локалитетот Смрдлива вода
Откриен нов водопад над локалитетот Смрдлива вода

Откриен е нов водопад над локалитетот „Смрдлива вода“. Членовите на планинарското друштво,„Кожуф“ од Гевгелија со помош  на ентузијасти денеска ја пробија патеката до еден од можеби најголемите водопади во Македонија што до сега бил апсолутно непознат за гевгеличани, пренесува МИА.

Претседателот на гевгелиските планинари Александар Костадиновски информира дека атрактивниот водопад со височина од стотина метри се наоѓа на 850 метри надморска височина над планинското одморалиште „Смрдлива вода“.

– Она што понатаму ќе следува како наша активност ќе биде мапирањето на планинарската патека до водопадот и нејзино внесување во македонскиот регистар на планинарки патеки, изјави Костадиновски.

Одморалиштето „Смрдлива вода“ од Гевгелија е оддалечено 24 километри. Минералната вода по која локалитетот го добил името е позната по нејзината лековитост за заболувања на стомачниот тракт, желудник и бубрези.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.