Откриен преживеан под урнатините на хотел во Сулавези

Француски спасувачи регистрирале преживеано лице под урнатините на индонезискиот остров Сулавези , разурнат од катастрофалниот земјотрес и од цунами.

По речиси една недела од катастрофата што го погоди индонезискиот остров Сулавези , тимот на француски спасувачи со современи сензори открија човек , за кого веруваат дека е уште жив.

Членот на францускиот тим , Филип Бесон рече дека човекот е регистриран под урнатините на хотелот ,,Меркур” во Палу , но не можеше да потврди дали преживеаниот е во свесна состојба.