Откриена досега најстарата и најголема градба на древните Маи

Археолозите ја открија досега најстарата и најголема позната монументална градба од древната цивилизација Маи на југот од Мексико, чие откривање е објавено во списанието Nature.

Археолозите традиционално веруваа дека цивилизацијата на Маите се развивала постепено, прво меѓу 1000 и 350 година пред нашата ера кога се појавиле малите села, а потоа кога започнало користењето на керамијата и кога припадниците на овој народ научиле да ја одгледуваат пченката. Цивилизацијата Маја врвот го достигнала меѓу 250 и 900 година, кога нејзините припадници биле населени на полуостровот Јукатан, во Гватемала, Белизе и Хондурас. Сепак, неодамнешното откритие на древен церемонијален комплекс на вештачкото пладо Сејбал во Гватемала, кое датира од околу 950 година пред нашата ера, фрла сомнежи на овој модел.

Сега американските археолози од Универзитетот во Аризона открија во мексиканската област Табаско, недалеку од границата со Гватемала, сокриен под земјата огромен споменик од истиот ран период. На локацијата Агуада-Феникс, научниците откриле вештачка платформа со размери 1.413 метри од север кон југ и 399 метри од исток кон запад, издигната за 10 до 15 метри. Од платформата се простираат девет широки патови.

Научниците ги регистрирале овие податоци благодарение на ледар, технологија за даленчинско сондирање од воздух со помош на ласери, што овозможува да се добијат информации за предмети под површината. Голема помош во откритието пружиле научниците од Националниот институт за антропологија и историја на Мексико, кои ја добиле од властите дозволата за правење снимки од воздух.

„Користејќи го лидерот со ниска резолуција кој го обезбеди владата на Мексико, ја забележавме оваа огромна платформа. Потоа извршивме радарска снимка со висока резолуција и го потврдивме присуството на голема структутра“, се вели во писмената изјава за медиумите на шефот на истражувањето Такеши Иномата, од Антрополошкиот колеџ при Универзитетот Аризона.

„Со користењето на лидер со ниска резолуција, претходно се виде дека таа област не е џунгла, дека таму живеат луѓе. Претходно оваа локација не беше позната, бидејќи е огромна и рамна. Изгледаше како природен пејзаж. Но со лидарот се покажа дека тоа е добро испланирана структура“, додава Иномата.

По овие сознанија научниците започначе со археолошките ископувања и откриле 69 примероци погодни за радиокарбонско датирање. Резултатите потврдели дека комплексот е изграден меѓу 1000 и 800 година пред Христа, што ја прави најстарата монуметнална градба на мајанската култура, а исто така и најголема, според димензиите, од повеќето пирамиди и палати од подоцнежните периоди, вклучително и предхиспанската историја.

Ова откритие ги натерало научниците на формирање поново мнение на раните периоди од формирањето на цивилизацијата на Маите. Според истражувачите, Маите сѐ уште во тој период немала толкаво социјално раслојување, како во подоцнежниот период како кај претходничката на мајанската култура, периодот на Олмеките, но веќе имале сериозни знаења од областа на архитектурата и градежништвото.

Научниците истакнуваат дека и покрај фактот што комплексот Агуада-Феникс е сличен на олмешкиот комплекс Сан-Лоренцо во мексисканската сојузна држава Веракруз, во него нема колосални камени скулптури, како глави и престоли поврзани со владетелите и претставници на привилигираниот сталеж, карактеристични за Олмеките.

„Отсекогаш се водеше дебата за тоа дали цивилизијата на Маите е поврзана со онаа на Олмеците или, пак, таа се равивала независно. И нашата студија се однесува на клучниот период меѓу нив. Во подоцнежниот период постоеле моќни владетели и административни системи, кои ги принудувале луѓето да работат. Но овој комплекс е изграден многу порано, и не гледаме докази за присуство на моќна елите. Сметаме дека ова е повеќе резултат на заедничко работење“, појаснува Иномата.

Според авторите на објавената студија, огромното плато оградено со големи брани, сугерира дека церемонијалниот комплекс бил изграден колективно и за користење од многу луѓе. На вакво големо плато можело да се соберат многу повеќе луѓе отколку во пирамидите кои биле резервирани за привилегираната елита. И тоа претставува целосно ново сознание за општествените односи во Мезоамерика во преодниот период меѓу падот на Сан-Лоренцо и подемот на другиот центар на Олмеките, Ла-Вента, во чија заднина се развивала младата Мајанска цивилизација. Во иднина научниците планираат да ја продолжат својата работа во областа Агуада-Феникс и се надеваат дека со помош на лидарот ќе откријат останки од станбени објекти.

„Имаме значајни информации за церемонијалната структура. Сега сакаме да видиме како луѓето живееле во овој период и какви промени се случиле во начинот на нивното живеење“, истакнува Иномата и додава дека Агуад-Феникс и другите ритуални комплекси од истиот период укажуваат на важноста од комуналното работење во почетниот развој на Мајанската цивилизација.