Откриена марихуана во тетрапак сокови

Вчера околу 11:30 часот, на граничен премин Табановце, за излез од државата се пријави автобус со македонски регистарски ознаки сопственост на превозната компанија oд Скопје, кој сообраќал на вонредна линија Тетово-Берлин. При царинската контрола, и покрај тоа што сите патници одговориле дека немаат ништо за пријавување, поради сомнително однесување, селектирано е за контрола лицето Г.Д. – македонски државјанин.

При прегледот на неговата патна торба, покрај личната гардероба пронајдена е и најлон кеса со јадење и 2 тетрапак сокови со невообичаена тежина, што било индикација за преглад на тетрапак соковите. При прегледот, во нивната внатрешност пронајдена се три пакувања обвиткани со салотејп трака, наполнети со зелена тревкаста материја од непознато потекло, со тежина од околу 500 грама.

По извршеното вештачење од страна на МВР, утврдено е дека станува збор за марихуана. Исто така во торбата на лицето Г.Д. пронајдени се и 47 празни зипер кесички кои се користат за пакување и продажба на марихуана. Осомничениот откако претходно ја набавил марихуаната тргнал од Велес за Скопје, од каде требало да патува за Берлин каде имал намера да остане за да работи, а марихуаната требало да ја пренесе до Берлин-Германија и да ја предаде на лице кое работи во тој град.

На ваков начин пријавенот заради продажба неовластено, држел и пренесувал наркотична дрога-марихуана со што сторил кривично дело ,,Неовластено призводство и пуштање во промет на опојни дроги психотропни супстанци и прекурсори“. Против сторителите Царинската управа поднесе кривична пријава за сторено кривично дело до надлежното Јавно обвинителство.