Метеоритот кој пред речиси година и пол паднал на мразот на американско езеро содржи органски соединенија кои можат да го расветлат прашањето за појавата на животот на Земјата, пренесува сајтот Phys.org, кој се повикува на истражување објавено во стручното списание Meteoritics & Planetary Science.
Вонземскиот објект се урнал на територијата на американската сојузна држава Мичиген на 16-ти јануари 2018 година. При влегувањето во атмосферата оставил светла трага, благодарејќи на којашто бил пронајден само два дена подоцна.
„Тој е многу стар. Увидовме дека неговите минерални елементи само незначително се промениле, а подоцна откривме дека содржи богати резерви од вонземски органиски соединенија“, вели главниот автор на студијата Филип Хек, кустос во Филдстовиот мизеј за природонаучна историја во Чикаго, каде што бил предаден метеоритот.
„Супстанции од ваков вид, најверојатно, паѓале на раната Земја заедно со метеоритите и можеле да придонесат во состојките на животот“, додава Хек.
Научникот притоа ја истакнува важноста на тоа што метеоритот паднал на површината на замрзнатото езеро и бил брзо пронајден. Според Хек, тоа ја исклучило „контаминацијата“ на објектот од земската органска материја и овозможува сега да се набљудуваат космичките сипстанции во нивата оригинална форма.