Откриена причината за смртта на Тина Тарнер која почина во својот дом во Швајцарија

Легендарната пејачка Тина Тарнер починала од природна смрт во својот дом во Цирих, Швајцарија.

Пејачката почина на 83-годишна возраст во близина на Цирих, Швајцарија, по долго, неодредено боледување.

Нејзините претставници потврдија дека „кралицата на рокенролот“ починала од природна смрт, пренесува „Дејли мејл“.

Исто така, познато е дека таа се борела со рак на дебелото црево и страдала од висок крвен притисок повеќе од четири децении. Тина имала и проблеми со бубрезите.

Во 2017 година, Тина имаше операција за трансплантација на бубрег, кој го донираше нејзиниот сопруг Ервин Бах.

Тина открила и дека страда од вртоглавица, заборавеност и повремена дијареа.

„Знам дека мојата медицинска авантура е далеку од завршена. Секогаш треба да се направи уште еден тест, назначување на друг лекар или биопсија“, напиша Тина во своите мемоари во 2017 година.

Фото: Твитер/принтскрин

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.