Откриена причината за смртта на морскиот лав во скопската ЗОО

камен

Морскиот лав кој минатата недела почина во Зоолошката градина во Скопје голтнал камен, соопштија денеска на прес-конференцијата во Зоолошката, каде што беше покажан и каменот што го голтнал лавот.

Како што истакна Дане Кузмановски од Зоолошката градина, поради голтањето, на лавот му се затнале хранопроводот и желудникот.