Откриена вода на далечна планета

Ѕвездата K2-18 и планетата K2-18b/ © EPA-EFE/ESA/Hubble, M. Kornmesser

Благодарение на податоците добиени од вселенскиот телескоп „Hubble“ астрономите открија дека повеќе од половината на атмосферата на планетата K2-18b, најверијатно се состои од воедна пареа, а станува збор за „супер Земјата“, засега единствената планета надвор до Сончевиот систем која има прифатливи температири и течна вода, односно услови за појава на живот, се наведува во објавата во средата во стручното списение Nature Astronomy.

Планетата K2-18b, којашто ја проучувале астрономите, се наоѓа на 110 светлосни години од Земјата, а ја откри во 2015 година орбиталниот телескоп „Kepler“ на американската агенција за вселенски истражувања NASA. Планетата се врти околу црвеното џуџе од соѕвездието Латав во ткн „животна зона“. Станува збор за област околу ѕвезда на површината на планетите на кои може да постои течна вода и чиишто услови се поволни за појава на живот.

Масата на K2-18b е осум пати поголема од масата на Земјата, но спроед размерите таа е двојно поголема од нашата планета. Односно, K2-18b спаѓа во типот „суперземја“, планети чиишто величиони се меѓу масите на Земјата и Нептун, и е најчестиов вид планети во нашата галаксија.

За проучување на атмосферата на K2-18b, научниците ги користеле податоците добиени од телескопот „Hubble“, кој во периодот од 2016 до 2017 година осум пати направил снимки на транзитирањата на планетата, односно таа во споменатиот период осумпати ја засенила својата ѕвезда за телескопот. Токму благодарејќи на овие транзитирања, научници ги добиваат основните информации за атмосферата на планетите надвор од Сончевиот состем. Според спектарот на светлината од ѕвездата која минува низ атмосферата на планетата, астрономите може да заклучат какви хемиски елементи или соединенија се содржат во неа.

Резултатите од истражувањето покажале дека атмисферата на K2-18b содржи водена пареа, како и молекули на водород и на хелиум. Авторите на студијата сугерират дека би требало да има и азот и метан, но во поментов достапните податоци не можат да ја потврдат оваа хипотеза.

Според еден од авторите на истражувањето, Ангелос Циарас, K2-18b не може да се нарече „втора Земја“, и не само затоа што е поголема од нашата планета. Условите на неговата површина се многу посурови, составот на неговата атмосфера е поразличен. Во секој случај, откритието овозможува да се направи приближување до одговорот на прашањарто дали нашата планета е единствеаната или таа има свои аналози во Вселената.

Научниците веруваат дека K2-18b ќе биде цел на идните истражувања, благодарејќи на што астрономите ќе може да дознаат повеќе за климата на поценцијално населивите плането, новниот состав и еволуција.