Откриени 20 мигранти во приколка, приведен српски државјанин

Во саботата околу 12 часот на граничен премин Стар Дојран, полициски службеници од Полициската станица за граничен премин Стар Дојран го лишиле од слобода 47годишниот српски државјанин М.К. поради трговија со луѓе.

Во содејство со царински службеници била извршена контрола во товарното возило „даф” со полуприколка со српски национални ознаки, кое го управувал приведениот, при што биле пронајдени 20 лица, за кои се испоставило дека се мигранти од Сирија.

Лицето било задржано во полициска станица, а мигрантите биле спроведени во прифатно-транзитен центар за понатамошна постапка. За настанот бил запознаен Јавен обвинител и по целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.