Триесет мигранти се откриени денеска на местото „Лагот“, помеѓу железничка линија Неготино – Дуброво при прелет со хеликоптер на МВР.
Од мигрантите осум се Пакистанци, пет се од Конго, четири од Мали, четири од Гамбија, три од Бурунди, две од Гвинеја, две од Камерун, еден од Сиера Леоне и еден од Уганда.
Според МВР, тие ќе бидат пренесени во Прифатниот транзитен центар „Винојуг“ во Гевгелија за понатамошна постапка.
Мигрантите се откриени во 11.00 часот од полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор „Михајлово“ и инспектори од Регионалниот центар за гранични работи Југ.