Откриени антитела кои целосно ги штитат клетките од коронавирусот

192

Американската биофармацевтска компанија „Sorrento Therapeutics“ смета дека нејзините научници успеале да го идентификуваат типот антитела кои целосни ги штитат човековите клетки од навлегување на коронавирусот и го отстрануваат од организмот во период од четири дена.

Како што изјави во петокот за телевизијата Fox News, основачот и челник на компанијата чие седиште е во калифорниски Сан Диего, доктор Хенри Џи, антителото означено како STI-1499 е способно „сто процентно да го истисне“ коронавирусот и може да започне да се користи неколку месеци пред вакцината за SARS-CoV-2 да се појави на пазарот, а чиешто создавање сѐ уште е во фаза на испитување.

„Сакаме да потенцираме дека постои метод на лекување. Постои решение, коешто е стопроцентно ефикасно, Доколку во вашиот организам има антитело со неутрализирачко дејство, тогаш нема да биде потребно да го одржувате безбедното растојание“, изјави Џи.

Според него, научниците во компанијата во текот на изминатата деценија идентификувале и проучувале милијарди антитела, од кои биле избрани неколку стотици од најперспективните видови. Околу десетина антитела покажале можност за различен степен на ефикасност во блокирањето на навлегувањето на коронавирусот во клетките на белите дробови кај човекот и кај други цицачи, користејќи молекули на протеинот ACE2. А, како што уверува шефот на „Sorrento Therapeutics“, STI-1499 го прави тоа успешно во сите случаи.

„Кога антителото не дозволува вирусот да навлезе во клетката на човековиот организам, вирусот не преживува. Доколку вирусите не можат да проникнат во клетката, ја губат способноста да се репродуцираат. Поинаку кажано, вирусот на крајот умира доколку не му се дозволи да навлезе во клетката“, појаснува истражувачот,

Според неговото уверување, STI-1499 го обвива коронавирусот и го излачува од телото за четири дена, без какви и да се несакани пропратни појави.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.