Откриени антитела кои штитат од сите соеви на коронавирус? Научниците од Кина уверени дека доаѓа крајот на пандемијата

Кинеските научници тврдат дека изолирале антитело кое може ефикасно да ги неутрализира сите видови на ковид19, а до овој заклучок дошле благодарение на лабораториските експерименти извршени врз живи организми.

Во студијата објавена во вторникот, кинеските научници од различни институции, вклучително и Универзитетот Сун Јат-Сен во Гуангжу и Универзитетот Жеџијанг во Хангжу, рекоа дека би можеле да имаат лек за пандемијата Ковид 19.

Авторите на оваа студија тврдат дека моноклоналното антитело 35B5 покажало и ин витро (лабораториски експеримент или експеримент со епрувета) и ин виво(извршени на жив организам) студии за неутрализирање на ковид 19 од див тип (без мутации), како и варијанти на загриженост. (VOCs). Беа извршени ин виво тестови на хуманизирани глувци.

Научниците забележале дека антителото делува и на опасниот вид делта, кој, откако првпат се појави во Индија, е најголемиот виновник за разорните бранови на инфекција низ светот во последните месеци.

“35B5 го неутрализира коронавирусот со таргетирање на единствен епитоп (делот од антигенот што имунолошкиот систем го препознава) кој ги избегнува местата на мутација. Антителото 35B5 покажа ефикасна неутрализирачка способност во неколку различни видови. Научниците велат дека откритието може да се искористи за создавање универзална вакцина против коронавирус“.

Делот од антигенот кој го таргетира антителото 35B5 е присутен и во омикронската варијанта, истакнуваат истражувачите.

Ова истражување би можело да биде особено значајно, бидејќи новата (на многу начини поопасна мутација на корона) варијанта на вирусот наречена омикрон се заканува да се шири низ целиот свет. Научниците ширум светот се загрижени дека мутантниот вирус би можел да го избегне имунитетот предизвикан од вакцината, како и од оној стекнат со претходна инфекција.

Што велат другите научници?

Антителата, откриени од кинески биолози, може да се користат за спречување на болести во групи како што се семејства или градинки. Ова го објави вирологот Анатолиј Алтштајн.

„Сè уште нема научна статија на оваа тема. Напишано е дека е способен да ги неутрализира сите видови на вирусот, но нема докази да го неутрализира во иста мера. Не би го нарекол ова претерано откритие. Но, ова покажува дека постои одреден регион во S-протеинот. заеднички за различни соеви, но го знаевме тоа бидејќи вакцината против „Вухан сојот“ делува против други, но во помала мера. Дејствува добро против британскио сој, но полошо против Јужноафриканскиот и делта сојот. Ова сугерира дека има место во протеинот што е важно за реакција за неутрализирање на сите варијанти на вирусот“, рече тој.

Во исто време, самиот Алтштајн се сомнева дека откритието на Кинезите е „толку важно“. Сепак, овие антитела може да се користат за спречување на болести, на пример, во семејството или во градинките. Ако едно дете се разболи, тогаш целата група може да се вакцинира. И таквите антитела можат да бидат во телото околу еден месец.

„Овој пристап се нарекува профилактички серум. Тоа се антитела во серумот, но овој метод не се користи особено во случај на коронавирус“, заклучи Алтштајн.