Научниците од њујоршкиот Универзитет Колумбија создале мешавина од антитела којашто може да помогне во нерутрализирање на новиот коронавирус SARS-CoV-2, пишува изданието MedicalXpress.
Тимот истражувачи открил дека пациентите со тешка форма на Covid-19 наинтензивно произведувале антитела кои можат да го потиснат вирусот. Според еден од авторите на делото, Дејвид Хо, имунолошкиот систем кај ваквите пациенти реагирал посилно на инфекцијата.
Научниците идентификувале различни видови на ваквите неутрализирачки антитела, чијашто мешавина го штити организамот од коронавирусот и, исто така, може да помогне во поефикасното лекување на пациентите со Covid-19.
Научниците спровеле експеримент со хрчаци кои ги потврдиле заштитните својства на изолираните антитела. Научниците планираат во иднина да ги спроведат сличните проучувања и кај други видови животни и кај луѓето.
Според Хо, добиениот „коктел“ може да биде користен од фармацевтите за лекување на пациентите, особено во раните стадиуми од болеста, како и за нејзиното спречување.