Откриени и запленети над шест килограми марихуана

Прилепската полиција откри и заплени шести килограми марихуана која што била наменета за грчкиот пазар, соопштува Министерството за внатрешни работи.

Дваесетгодишниот Е.Б. од Албанија и 47-годишниот Ф.Џ. од Охрид, на 15-ти овој месец, организирале транспорт на дрогата од Албанија преку Македонија со цел продажба на истата во Грција. Тие во вечерните часови додека се движеле со такси возило кај селото Витолишта, биле забележани и сопрени од граничната полиција. При извршена рутинска контрола и преглед на возилото, во задниот дел во багажникот во патна торба,  пронајдени се две црни полиетиленски вреќи со непозната растителна материја.  Истата е одземена и предадена на вештачење,  при што е утврдено дека станува збор за наркотична дрога марихуана со маса од 6.370 грама.

Полиција поднесе кривична пријава до Основното јавно обвинителство поднесе кривична пријава против лицата Е.Б. и против Ф.Џ. од Охрид, поради постоење основано сомнение за сторенo кривичнo делo „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прокурсори”.

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.