Откриени нацрти и белешки на Данте од XIII век

Монахињата Џулија Болтон Холовеј во библиотеките на Ватикан и Фиренца открила ракописи за кои се претпоставува дека се на славниот италијански автор Данте Алигиери, авторот на „Божествената комедија“, што претставува потенцијално значајно откритие бидејќи претходно никој не знаше како изгледа ракописот на поетот, пренесува The Times.

Данте Алигиери се смета за еден од најголемите национални поети, како и автор на најважното книжевно дело во историјата на земјата и татко на модерниот италијански јазик. Но никој не видел примерок од неговиот ракопис со векови.

Сепак, во годината кога Италија ја одбележува 700-годишнината од смртта на Данте Алигиери и ја слави неговата „Божествена комедија“, истражувачка од Фиренца тврди дека наишла не негови ракописни дела и верува дека тие даваат скапоцен увид во неговата генијалност.

Скриени во двете библиотеки, манускриптите датираат од периодот кога Данте како студент во Фиренца ги препишувал делата за умешноста на владеењето кој ги диктирач неговиот учител Бруно Латини.

Според информациите на весникот, овие творенија датираат од крајот на XIII век. Во тој период Данте студирал во Фиренца, каде што предавал Брунето Латини, италијански филозоф, политички научни и државник, кој се грижел за идниот поет по смртта на неговиот татко.

Холовеј, којашто пред замонашувањето била специјлист за средновековието на Универзитетот Принстон, изјавила дека пронајдените списи „даваат увид во генијалноста на Данте“.

„Ракописот во неодамна пронајдените списи е сличен на училишниот, но пишувањето е на извонреден тоскански дијалект“, додала Холовеј.

Појаснува дека не се сочувани копии од ракописната врзија на комедијата на Данте.

„Сепак, Леонардо Бруни, ренесанскиот научник кој го видел ракописот на Данте, го има опишано токму како оној што го најдов“, вели Холовеј.

Според монахињата, овие ракописи даваат извесен увид во ремекделото „Божествена комедија“, завршена во 1320 година, една година пред смртта на Данте.

Како пример посочува дека на списите постои квадрат кој е поставен на круг. Од своја страна весникот забележува дека Дантге подоцна го користел овој концепт во „Божествената комедија“ за да го опише Господ.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.