Откриени нови симптоми на Ковид-19, треска и губење на мирис сега се ретки

Експерти од Обединетото Кралство предупредуваат дека нивната земја ќе биде погодена од „уништувачки“ раст на бројот на случаи на коронавирус оваа зима, влошена од недостиготт на можности за тестирање на нови варијанти кои го „заобиколуваат имунитетот“.

Професорот Тим ​​Спектор, ко-основач на апликацијата Covid ZOE, за британскиот „Индипендент“ вели дека луѓето кои сега имаат рани симптоми ја отфрлиле можноста дека навистина имаат ковид, имајќи предвид дека новиот симптом е болка во грлото, која ја пријавуваат две третини од заболените кои за првпат се заразиле со Ковид и се водени од старите упатства за симптомите на ковид – што сега се погрешни.

– Во моментов, Ковид започнува кај две третини од луѓето со болки во грлото. Треска и губење на мирис сега се навистина ретки, поради што многу луѓе можеби не ни помислуваат дека имаат Ковид. Би рекле дека е само настинка и не одат да се тестираат, објаснува професорот.

Тој предупредува и дека кога станува збор за Велика Британија, граѓаните се веќе на почетокот на следниот бран на коронавирусот, кој ги зафаќа постарите луѓе малку порано од минатиот пат.

Професорот Спектор, исто така, истакнува дека раните податоци покажуваат дека новите подваријанти на омикрон се отпорни на имунитет и може шокантно да доведат до тоа Велика Британија да има „вистински проблеми“ во зима.

Професорот Лоренс Јанг, вирусолог од Универзитетот во Ворвик, алармантно го повтори истото, велејќи дека две омикронски подваријанти – BA.2.75.2, изведени од BA.2 и BK1.1, изведени од BA.5 – се на голема грижа за експертите. Според неговите први податоци, наодите покажуваат знаци дека подваријантите се способни да му побегнат на имунолошкиот систем.

– Она што е интересно за овие варијанти е тоа што, иако се малку различни во начинот на кој настанале, довеле до истите промени за да го заобиколат имунолошкиот систем на телото. Она што го откриваме е дека вирусот еволуира околу имунитетот што е изграден преку вакцините и безбројните инфекции што ги имале луѓето. Најголемата загриженост што ја гледаме е дека во раните фази овие варијанти почнуваат да предизвикуваат мало зголемување на инфекциите. На некој начин ова беше очекувано, но покажува дека се уште не сме излезени од шумата на овој вирус, за жал – изјави професорот Јанг.

Професорот предупредува и дека Велика Британија станува „слепа“ за однесувањето на потенцијалните нови варијанти и дека тоа е многу загрижувачко. Двајцата професори ја повикаа владата да објави посилни и поактивни пораки за ширењето на Ковид, пред постуденото зимско време, додека професорот Јанг повика на враќање на носењето маски во слабо проветрени и преполни простории.