Откриено е уште едно наоѓалиште на злато во Србија

Србија има уште едно наоѓалиште на златна руда со потенцијал да биде меѓу првите 100 наоѓалишта во светот. Ова го соопшти српскиот  претседателот Александар Вучиќ.

Тој  изјави дека за ова наоѓалиште знаат само тој и уште едно лице.

– Не се обидувајте да дознаете додека не почнеме да си ја работиме работата, бидејќи кога ќе се дознае, цените ќе скокнат 10 и 50 пати – рече Вучиќ.

Србија претходно соопшти дека во месноста Чока Ракита во општина Жагубица е пронајдено богато наоѓалиште на злато.