Откриено името на Американката која го обвинува Роналдо за силување

Американката Кетрин Мајорга го обвинила за силување еден од најдобрите фудбалери на денешницата Кристијано Роналдо, кој ова лето мина од редовите на најтрофејниот клуб Реал Мадрид во италијанскиот шампион Јувентус, објави во петокот германскиот магазин Spiegel.

За тоа дека Португалецот е осомничен за сексуално насилство во однос на американска девојка, Spiegel пишуваше уште во април минатата 2017 година. Меѓутоа, тогаш името на Американката не беше споменувано.

Според написот, инцидентот наводно се одиграл во текот на одморот на Роналдо во Лас Вегас во јуни 2009 година. Магазинот тврди дека наводната жртва била исплатена со 375.000 долари. Според условите од вонсудскиот договор, страните се согласиле да не ги откриваат деталите, а оштетената странка требало да го повлече обвиненијата.

Веднаш по објавувањето на написот Роналдо оцени дека станува збор за измислица на новинарите и најави дека „со сите средства“ ќе преземе мерки против германското списание.

Како што истакнува магазинот, Кетрин Мајорга, којашто сега има 34 години, првпат отворено зборувала за инцидентот. Се наведува, исто така, дека адвокатите на Американката го оспоруваат договорот за неоткривање пред судот во американската сојузна држава Невад.

Роналдо ги негира обвиненијата. Според него, вистинито е дека тој и Мајорга имале сексуални односи, но со заедничка согласност.