Откриено големо количество кислород на древна ѕвезда

Набљудувајќи една од најстарите ѕвезди сместена во граничките предели на нашата галаксија, астрономите во нејзината атмосфера откриле невообичаено големи количества кислород, како и јалгерод и азот, според резултатите од истражувањето објавени во списанието Astrophysical Journal Letters.

Кислородот е третиот најзастапен елемент во Вселената по водородот и хелиумот, и е основниот елемент на земјената кора, кислородот е хемиската основа за животот на Земјата, неопходен во процесот на дишење и учествува во молекулите од кои се изградени организмите.

Кислородот не постоел во раниот Универзум, бил формиран како резултат на нуклеарни реакции кои се одвивале длабоко во пазувите на масивните ѕвезди, чии маси се 10 пати поголеми од масата на Сонцето. Оттаму, проучувањето на производството на кислородот и другите елементи во раниот период од Вселената бара набљудување на најстарите или, како што астрономите ги нарекуваат – „примитивните“ ѕвезди, кои се сместени на далечните крајни предели на нашата галаксија, во ткн Галактички ореол.

Меѓународен тим астрономи од американскиот Калифорниски универзитет во Сан Диего, шпанскиот Институт за астрофизика на Канарските острови и британскиот универзитет Кембриџ, откриле големо количество кислород во атмосферта на една од најстарите и најсиромашни според содржината на разни елементи „примитивната“ ѕвезда J0815+4729, која се наоѓа на оддалеченоста од повеќе од пет илјади светлосни години од Земјата, во насока на соѕвездието Рис.

Откритието е напрвено со помош на спектрометарот со висока резолуција HIRES на опсерваторијта Кек на Хавајските острови. Петчасовното набљудување им овозможило на научниците да ја измерат содржината на 16 елементи во атмосферата на ѕвездата.

„Ѕвездите слични на Ј0815+4729 се нарекуваат хало-ѕвезди. Тоа се должи на нивниот проближно сферичен распореден околу Млечниот пат, за разлика од рамниот диск на помладите ѕвездфи, вклучително и Сонцето“, се наведува во соопштението на опсерваторијата изјавата на Адам Бургасер, астрофизичар од Калифорнискиот универзитет во Сан Диего и еден од авторите на студијата.

„Примитивниот состав на ѕвездата укажува на тоа дека таа била формирана во текот на првите сто милиони години по Големиот тресок, веројатно, од материјалот на првите супернови во Млечниот пат“, додава Жонај Гонзалес Ернандес, водечки автор на студијата од Канарскиот институт за астрофизика.

Податоците на HIRES покажале многу необичен хемиски состав на атмосферата на ѕвездата. Таа содржела многу јаглерод, азот и кислород, односно 10, 8 и 3 отсто соодветно од вкупното количество на овие елементи на Сонцето, но многу малку од преостанатите елементи, меѓу кои калциум и железо, сочинуват само околу милиони од сончевите вредности.

Во моментов на астрономите им се познати само неколку древни ѕвезди слични на J0815+4729. Сите тие се наоѓаат ореолот на Млечниот пат, но ниту на една од нив не се регистрирани истите големи резерви на јаглерод, азот и кислород во споредба со содржината на железото. Резултатите од истражувањето укажуваат дека кислородот и другите важни елементи кои се формираат во Универзумот, како резултат на експлозии на суперновите на првите генерации ѕвезди.

„Пред триесет години започнавме да ги проучуваме присуството на кислород кај настарите ѕвезди во нашата галаксија. Прелиминарните резултати веќе укажуваа на тоа дека овој елемент бил производен во големи количества во првите генерации на суперновите. Сепак, не можевме да си претставиме дека ќе најдеме таков импресивен пример на збогатувње со кислород, како во оваа ѕвезда“, истакнува Рафаел Реболо, директор на Институтот за астрофизика на Канарските острови и еден од авторите на студијата.