Откритие на научниците ја проблематизира теоријата за настанувањето на Месечината

Јапонските астрофизичари откриле емисии на јаглерод од површината на Месечината, откритие кое ги принудува научниците да ја преиспитаат теоријата за појавата на природниот сателит на Земјата, пишува научното списание ScienceAdvances.

Истражувачите ги анализирале податоците добиени од сателитот KAGUYA, кој минал 18 месеци во месечевата орбита. Се покажало дека од површината на ова вселенско тело се ослободуваат силни потоци на јаглердони јони и други елементи.

Ова откритие е спротивно на концептот за „сувата“ Месечина, кој го објаснува нејзиното настанување со судар меѓу големо космичко тело и младата Земја, поради што значителен дел од материите испариле под влијание на високите температури.

Научниците сега претпоставуваат дека јаглеродот можел да се појави во месечевите карпи уште на самиот почеток од нејзиното формирање. Оваа хипоеза бара корекција на општоприфатената теорија за настанокот на Месечината, бидејќи при високи температури јаглеродот едноставно би испарил, се вели во студијата.