Откупени над 25 милиони килограми тутун по просечна цена од 196.82 денари

118

Во текот на откупот немаше проблеми во целиот процес, ниту по квалитативните ниту по квантитативните методи, освен кај две кутии кои беа спорни, односно комисиски беа прoценувани во текот на откупот, истакна Трипуновски.

Појасни дека фирмата Струмица табак не ги исполнувала условите за откуп, а сета количина од таа компанија во договор со Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство ја преземале останатите компании.

Реколтата 2016 година тежела точно 25.152.000  килограми и е со вредност од 4.950.440.160,45 денари.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.