Откупната цена на бостанот на рекордно ниско ниво, земјоделците бараат помош од Владата

Откупната цена на струмичките лубеници никогаш не бил под пет денари, а сега е четири денари, со што не можат да се покријат ниту 30 отсто од трошоцит, па оттаму на работ на опстојување се доведени земјоелците во струмичкиот регион, откако откупната цена на бостанот падна на рекодно ниско ниво.

Дневно низ откупните центри се откупуваат по илјада тони бостан, а уште толку се извезуваат преку Царинскиот терминал во Струмица. Земјоделците не се задоволни со откупната цена и велат дека на сила, со маки го извезуваат.

„Цената во моментот не баш најдобра. Овој бостан треба да оди за Бугарија и за Босна и Хецеговина. На сила, со маки го извезуваме“, велат земјоделците.

Очекуваат од Владата, а посебно од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, да им излезе в пресрет и да најде решение за овој проблем.

„Почетната цена на бостанот никогаш не била под 5 денари, сега е 4. Со ова не може ниту 30 отсто од трошоците да се покријат. Земјоделците не можат да опстанат. Само Владата да преземе мерки и да субвенционира како во Росоман со праската кога даде по 60 денари субвенции. Исто и тука за бостанот може да се субвенционира за колку-толку трошоците да можат да се покријат“, вели друг земјоделец.

На ред е владата на СДСМ да застане позади земјоделците и да им помогне како што тоа го правеше владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ.