Откупната цена на пченицата е 9 денари

Жетвата на пченицата веќе е почната, а првата цена што се нудат од мелничарите е 9 денари за еден килограм. Земјоделците се незадоволни. „Цената зависи од квалитетот на пченицата. На таа цена се додаваат транспортните трошоци и данокот. Се покажува дека цената е подобра од минатата година. Сепак, зависи од квалитетот и договорните услови и видот на производство. Оние со поголеми количини се во подобра позиција да преговараат за повисока цена, додека малите земјоделци, бидејќи имаат проблем со складирањето, принудени се да ја продаваат веднаш и по пониска цена“, изјави вчера министерот Трајан Димковски.

Заради пониските приноси кај нас, но и во регионот, земјоделците очекуваат фер откупни цени од најмалку 12 до 13 денари за килограм за пченицата.

Земјоделците очекуваат и државата да се вклучи со откуп за стоковите резерви во време на жетва и по цени кои ќе помогнат да се зголемат откупните цени и кај мелничарите.