Јотова „пронајде“ Бугари и во Косово, ќе ги посети регионите Гора и Жупа

Бугарија беше една од првите земји што ја призна независноста на Република Косово и 15 години ја уживаме нејзината доследна поддршка. Со овие зборови претседателката на Република Косово, Вјоса Османи-Садриу, ја пречека бугарската потпретседателка Илијана Јотова во Приштина. Јотова ѝ вети на косовската претседателка натамошна поддршка за пристапувањето на Република Косово во меѓународните организации, како и за нејзиниот европски пат.

Меѓу главните теми на средбата беше и признавањето на косовските граѓани со бугарска самосвест и идентитет како бугарска заедница со загарантирани права.

– Од посетата на претседателката Османи-Садриу на Бугарија на покана на шефот на државата Румен Радев на 30 ноември започнаа првите вистински чекори кон признавањето на бугарската заедница. Се надевам дека овој процес ќе продолжи во тесна координација меѓу две земји – нагласи потпретседателката Јотова.

Таа посочи дека Бугарија ќе работи и на отворање саботно-неделно училиште во области со компактно население со бугарска самосвест и идентитет.

Јотова ќе ги посети регионите Гора и Жупа, каде ќе разговара со претставници на бугарската заедница.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.