Отпадот во Пацификот го чисти огромна направа што плута

Огромна направа што плута, која ја осмислиле холандски научници за да го исчистат „островот“ од отпад во Пацификот, успешно за првпат почна да собира пластика и друг смет од океанот.

„Острвот“ од отпад во најголемиот океан на светот, Пацификот, сега покрива површина трипати поголема од Франција, пренесува „Гардијан“.

Авторот на проектот Оушн клинап, Бојан Слат, на Твитер напиша дека направата која е подолга од 600 метри, успешно ја завршила својата прва акција за чистење на отпадот од Пацификот.

Машината може да собира отпад со различни големини, од отфрлени мрежи и гуми од возила, до ситни парчиња пластика.