Отпечаток од сите прсти за подолг престој Шенген зоната

Македонските граѓани кои ќе сакаат да останат во земјите од Шенген зоната подолго од 90 дена, од утре ќе мораат да дадат отпечаток од сите прсти на двете раце и дигитална фотографија.

Овие промени не се поврзани со системот за визна либерализација, туку се однесуваат само на апликациите за виза за подолг престој во земјите на ЕУ.

Објаснувањето од ЕУ е дека тоа е дел од модерниот визен информативен систем и со давање на отпечатоци од прстите, се заштитуваат граѓаните од крадци на идентитети и фалсификување на патните исправи.
Оваа мерка од четврток ќе се применува и на  Турција, Албанија, Босна и Херцеговина, Косово, Црна Гора и Србија.