Отповикана амбасадорката на Србија во Скопје

104

Промените во дипломатијата на Република Србија не ја заобиколија ниту мисијата во Република Македонија, со отповикувањето на амбасадорот Душанка Дивјак Томиќ, со указ од претседателот Александар Вучиќ на 24 септември, објавено е во Белград.

Душанка Дивјак Томиќ  на должноста амбасадор на Република Србија во Република Македонија  е од  29-ти ноември 2013 година. Во мисијата во Скопје е од 2010 година, како заменик-амбасадор, министер советник.

Во последните два месеца, вкупно 12 српски амбасадори се повлечени од своите позиции во дипломатските претставништва ширум светот. Последен во низата е повлечен Миомир Удовички, шеф на мисијата на НАТО во Брисел, со указ на претседателот од 4 ноември, кој стапи на  сила од 15 ноември.

Амбасадорот Раде Булатовиќ беше отповикан од дипломатската мисија на Србија во Киев,  а пред неколку месеци се споменуваше како нов амбасадор во Скопје.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.