Отруено 3-годишно дете во Прилеп

Отруено 3-годишно дете во Прилеп
Отруено 3-годишно дете во Прилеп

Медицинскиот центар во Прилеп утрово во полициска станица пријавил дека кај нив била донесено починато тригодишно дете, Анета Реџеповска од Прилеп, објави порталот „Прес 24“.

Докторите се сомневаат дека се работи за труење од храна, пишува порталот.

Директорот на Здравствениот дом во Прилеп,  Петар Ристески, во изјава за „Нетпрес“ не ги коментираше информациите дека се работи за труење од храна, туку само посочи дека утрово во 7.40 часот во болницата е донесено мртво дете. За тоа официјално било известено Јавното обвинителство и Министертсвото за здравство.

Од Обвинителство е даден налог за обдукција на телото, а во Министерството за здравство е формирана комисија за надзор на случајот.