Отштета од 100 милиони евра бараат семејствата на починатите од Covid-19 во Италија

ANSA / MATTEO BAZZI

Околу 500 роднини на лица кои во Италија починале како компликациите предизвикани од заразата со коронавирусот, соопштија во средата дека покранале правен процес против регионалните и националните власти, барајќи отштета од 100 милиони евра.

Граѓанската тужба, поднесена во суд во Рим, е насочена против премиерот Џузепе Конте, министерот за здравство Роберто Сперанца и гувернерот на северерната покраина Ломбардја, Атилио Фонтана.

По објавата на информацијата во италијанските медиуми, агенцијата Reuters побара но не добил коментари од портпаролите на споменатите тројца политичари.

Италија, беше првата западна земја погодена со коронавирусот SARS-CoV-2 во февраури годинава, во средата ја надмина бројката од 70.000 смртни случаи како последица на заразата, што е највисоката смртност во Европа и петтата најголема во светот.

Тужбната ја поднесуваат членовите на одборот на движењето „Ќе тужиме“ (Noi Denunceremo), кое се фирмираше од група иницирана на Facebook во април за да ги застапува роднините на починатите во Бергамо, еден од најпогодените градови во Ломбардија.

Тие уште во јуни поднесоа 50 поединечни пријавои до обвинителството во Бергамо. Тогаш во тужбите беше наведени дека сите семејства преживеале од недостои на информации до недоволна грижа. Тужбите тогаш беа поднесени против непознати лица, а најавија уште 150 пријави.

„Случајот е нашиот божикен подарок за оние коишто требало да го сторат она што им била должност, а не го сториле тоа“, наведе во писмената изјава претставникот на групата, Лука Фуско.