Отстранети „руски“ и „ирански“ профили од Facebook

Компанијата Facebook објави дека отстранила низа профили и групи од својата социјална мрежа, како и од сервисот Instagram, тврдејќи дека прекинала „големи операции на манипулирање“ наводно покренати во Иран и во Русија, чии цели биле Латинска Америка, САД, Велика Британија и Блискиот исток, но нешле нови руски профели насочени кон Американци.

„Некои од тие активности се иницирани од Иран, други од Русија. Стануваше збор за различни кампањи и не идентификуваме никаква врска или координација меѓу нив“, истакнуваат на својот блог од Facebook, кои беа жестоко критикувани, особено по американската избора кампања во 2016 година, дека не сториле доволно во борбата против овој тип злоупотреби.

Отстранети се 652 „ирански“ профии, кои биле насочени на аудиториумот на Блискиот исток, Латинска Америка, САД и Велика Британија.

„Отстранивме страници, групи и профили, веројатно поврзани со извори кои владата на САД претходно ги идентиикуваше како руско воено раунавање. Тоа не е поврзано со активностите откриени во Иран“, додаваат од компанијата.

Американските разунвачки агенции тврдат но досега без да понудат докази дека наводно руски оператори се користеле, меѓу другото и со Facebook, за да се обидат да влијаата врз претседателските избори во САД на коишто победи Доналд Трамп. И сегашниот американски претседател и Москва ги отфрлаат ваквите обвинувања и барат докази. Сега со приближување на изборите на половина од мандатот за американскиот Конгрес, истите служби предупредуваат дека наводно повторно започнале „операциите на руското мешање“.

„Забранивме таков тип однесување, бидејќи сакаме луѓето да имаат доверба во поврзувањето на Facebook.. Тоа е постојан предизвик, бидејќи одговорните за овие активности се решителни и располагаат со големи финансиски средства“, додаваат од компанијата сопственик на најголемата социјална мрежа на светот.

Истовремено од Facebook соопштуваат дека не откриле нови профили и страници кои се поврзани со Русија, коишто биле насочени кон корисниците во САД.

И другата американска компанија за социјални мрежи Twitter објави дека отстранила 284 акаунти, од кои повеќето имале „иранско потекло“, бидеќи се „занимавале со координирани манипулации“.

Претседателот на комисијата за разузнавање во американскиот Сенат, Ричард Бар, повика на единство во одделно соопштение од ноќта кон средата по средноевропско време. Според него, објавата на Facebook го јакне неговото убедување дека „целта на овие странски кампањи на социјалните мрежи е да се посее раздор, дека Русија не е единствениот непријателски странски фактор кој развива такви способности, како и дека за да се спротистави на тие закани, неопходно е компаниите, силите на редот, Конгресот и разунавачките служби да работат заедно“.

Претходно во Facebook признаа дека самите не можат да се справуваат со проблемот, и наведоа дека соработувале со безбедносните служби, ескперти и другите компании.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.