Отворање на 15 јубилеен Зимски салон на ДЛУМ

Во организација на Друштвото на ликовни уметници на Македонија во (среда) 05.02.2014 година во 20:00 часот ќе се оддржи отворањето на „Зимски Салон“ во Националната галерија на Македонија, објект Мала Станица.

Годинешниот „Зимски Салон“ е јубилеен XV по ред, селектор е Емил Алексиев на тема „ТЕЛО ШТО ПОМНИ“ со што се продолжува тенденцијата поставена со XIII Зимски Салон кога манифестацијата станува меѓународна. Годинава покрај домашните автори 38 на број ќе учествуваат и 33 гости (автори) од странство и тоа од 10 земји: Турција, Србија, Бугарија, Косово, Р. Српска, Босна и Херцеговина, Словенија, Хрватска, Црна Гора и Австрија.

И оваа година на самото отворање на изложбата ќе се изведе перформанс во склоп со темата на Салонот кој е режиран од страна на Наташа Поплавска.

Како уметникот го разбира своето тело? Како неговото тело станува уметничко дело? Како телото на другиот станува уметничко дело? Како телото станува „јавно тело“? се неколку од прашањата на кои авторите преку своите дела ќе дадат одговор.