Отворање на јубилејната ревијална годишна изложба на ДЛУМ

Отворањето на јубилејната ревијална „Годишна изложба“ на Друштвото на ликовни уметници на Македонија, ќе се случи во петок на 17 јануари која како настан се организира по 60 пат. На изложбата ќе бидат претставени дела на 91 автор од цела Македонија.

Уметничкиот Совет на ДЛУМ по повод ревијалната „Годишна изложба“ на отворањето ќе додели признанија од областа на ликовната уметност од кои најзначајни се наградите „Нерешки мајстори“ за сликарство и скулптура.

Оваа година изложбата ќе се одржи на две локации. Отворањето ќе биде во Културно информативниот центар, потоа ДЛУМ Ве поканува во Домот на Армијата да ја проследите поставката на делата и да уживате во неа.