Отворен ден во Владата за иницијативи против аерозагадувањето

Отворен ден за иницијативи од невладините организации за намалување на загадувањето на воздухот ќе организира денеска Владата од 13,30 часот.

Целта на настанот е владини претставници да ги слушнат идеите на граѓанскиот сектор во насока на консултација за Програмата против аерозагадување 2020.

Најавени се обраќања на  заменик-министерот за животна средина  Јани Макрадули, градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов и претставничката на „Еко свест“, Ана Чоловиќ.