Отворен ден за граѓаните во касарните во Скопје, Штип и Тетово

Армијата на Република Северна Македонија денеска, со почеток од 10 часот, организира отворен ден за граѓаните во касарните „Илинден“ во Скопје, „Јане Сандански“ во Штип и „Кузман Јосифовски Питу“ во Тетово, како дел од активностите за одбележување на Денот на НАТО и три години од нашето полноправно членство во Алијансата.

– За време на отворениот ден ќе се прикажат дел од средствата и опремата, како и воено показни вежби од единиците на Армијата стационирани во наведените касарни со кои присутните ќе имаат можност поблиску да се запознаат со опремата и обученоста на припадниците на АРСМ, информираат од Армијата.

Граѓаните кои сакаат да присуствуваат на наведените активности потребно е да пристигнат пред влезот во касарните во период од 09.30 до 10.00 часот, поради потребните процедури за влез.