Отворен Капитол мол и Резиденс, инвестиција вредна 30 милиони евра

Во присуство на голем број гости, политичари, бизнисмени, Капитол Мол и Резиденс се отвори денеска. Истиот се простира на изградена површина од 33.500 метри квадратни, а вкупната инвестиција изнесува 30 милиони евра.На изградбата на објектот беа вработени над 250 работници, од преку 50 компании повеќето од земјата и странство. Со отворањето на Капитол Мол и Резиденс ќе се отворат нови 500 работни места од повеќе индустрии.

„Од идеја на хартија, за само 18 месеци направивме објект со повеќе намени и разновидни содржини, комплекс  којшто убеден сум ќе стане препознатливо, модерно и пријатно место, не само за граѓаните на општина Аеродром и Македонија, туку и пошироко. Нашиот Капитол Мол и Резиденс ќе го направи поубав и поквалитетен живот на градот во целина. Неговите содржини ќе му дадат нова димензија на пазарењето, а на сите генерации на граѓани, вклучувајќи ги и најмладите, ќе им овозможи да уживаат во своето слободно време. Нашето мото е „Животот е поубав со нас“ и сакаме искрено да го сподели и доживее секој кој барем еднаш ќе го мине прагот на трговскиот центар, “изјави Ајдован Адемоски , сопственик на Капитол Мол и Резиденс.

kapitol 1

Премиерот Никола Груевски кој исто така го проследи отворањето на Капитол Мол, изјави дека е пријатно чувството да се следи изградбата на овој објект од почетокот до денеска.

„Главниот град уште една покажа дека расте во духот на светските метрополи.Новиот трговски центар со својата функционалност,естетско и севкупно значење е од голема важност за Аеродром и Скопје.Во неговата изградба беа ангажирани голем број на фирми и работници, а со неговото пуштање во употреба ќе бидат отворени уште нови 500 работни места.Капитол мол и Резиденс ќе понуди нови содржини за културно, општествено и социјално живеење, а со својот изглед ќе внесе едно ново освежување,“ изјави премиерот кој во оваа прилика заедно со претседателот на државата Ѓорге Иванов добија Плакета во знак на почит и благодарност.

kapitol 2

Во рамките на новиот импонзантен трговски и резиденцијален комплекс Капитол мол и Резиденс денеска беше отворен и најновиот супермаркет Рамстор, кој е 12-то продажно место, што Рамстор како дел од најголемата турска групација за малопродажба „Мигрос“, го отвори во Македонија.

„Со отворање на овој ултра модерен супер маркет, Рамстор воведува сосема нов, иновативен концепт на уредување на продажниот простор, со кој суштински ќе го промени искуството на своите потрошувачи и перцепцијата за тоа што е модерен супермаркет.Новиот начин на презентација на производите во супермаркетот Рамстор по примерот, на водечките светски трендови се базира на тематско изложување на производите и нивно врзување за одреден атрактивен концепт,“ изјави претседателот на Управниот одбор на „Мигрос“ Тиџарет А.Ш. Буленд Озајдинли.

До крајот на 2013 година, „Рамстор“ ќе отвори уште два нови маркети, со што компанијата ќе достигне бројка од 14 маркети.

Лоциран во срцето на Скопје, во населбата Аеродром, Капитол мол Резиденс  е со 33.500 метри квадратни, од нив 12.500 метри квадратни се наменети за шопинг центарот, сместен на првите четири нивоа, а шест илјади метри квадратни се одвоени за резиденцијалниот-станбениот дел на горните четири катови. Паркинг просторот е на три нивоа под земја со вкупна површина од 15 илјади метри квадратни. Шопинг центарот Капитол Мол е составен од 62 локала со модрени бутици, од познати интернционални регионални и локални брендови, ресторан фаст фуд,детски центар и места за забава за посетителите од сите возрасти.

На отворањето на Капитол Мол и Резиденс интересот на граѓаните беше огромен, така што огромен број на луѓе чекаа да влезат по официјалното отворање.

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.