Отворен Конзулатот на Србија во Охрид, како продолжување на билатералните и добрососедските односи меѓу Македонија и Србија

-Отворањето на Конзулат на Република Србија во Охрид мислам дека е само логично продолжување на билатералните, пријателски и добрососедски односи помеѓу Република Северна Македонија и Република Србија. Тие односи дојдоа во кулминативна фаза на својот развој со иницијатвата Отворен Балкан каде се продолжува тенденцијата на одржување не само на добрите односи и зајакнување на истите, туку и создавање на услови за продлабочување на соработката во различни области, истакна министерот за надворешни работи на Република Србија, Никола Селаковиќ, на свеченото отворање на Конзулатот.

Тој додаде дека е потполно уверен оти отворањето на Конзулатот во Охрид на чело со почесниот конзул Михајло Филев ќе овозможи унапредување на соработката на Република Србија со Република Северна Македонија.

-Ова не само наша билатерална соработка на политичко ниво, туку соработка и во областа на културата, во Охрид и на туризмот, но и на зајакнување на нашите економски односи. Соработката со соседните земји во чувањето на мирот и стабилноста на регионот, тежнеењето на полноправно членство кон ЕУ, се приоритети на надворешната политика на Република Србија и овие наши приоритети веројатно секој би помислил дека се приоритети што и така е и на РСМ. Заедничката желба за соработка и зајакнување на мостовите кои не поврзуваат се гледа и низ историската иницијатива на Отворен Балкан каде три држави направија сериозен исчекор во насока на економака соработка и подобрување на квалитетот на живот на сите свои граѓани. Како и претседателот Вучиќ порача на неодманешниот Самит а тоа е дека најголемата сила впрочем лежи во тоа што таа потекнува од народот кој ја препознаа неопходноста за меѓусебна соработка и поврзување, дојде од нас кое ова го живееме, не е поттикната од надвор. Тоа што денес го правиме со отворањето на Конзулат еден ден ќе биде историја, а на тоа што е историја неможеме да влијаеме, но на ова што го работиме денес ние и тоа како влијаеме и така ја создаваме историјата. Ќе се бориме таа историја да биде проткаена со мир, стабилност и толеранција и пријателски односи, рече Селаковиќ.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.