Отворена e истрага за набавка на софтверот на ДИК

Обвинителството за организиран криминал и корупција, утрово влезе во Државната изборна комисија за да ја одземе документацијата околу ДИК и компјутерската фирма која ја изработи апликацијата за следење на резултатите на изборите. Ова го потврди шефицата Вилма Русковска во изјава за „Сител“.

– Поднесовме барање до судија на претходна постапка да даде наредба за претрес поради сомневања за јавната набавка. Ќе ја провериме законитоста на јавната набавка – изјави Русковска за „Сител“.

Постапката за софтверот е отворена по допрен глас, откако по падот на сајтот се откри дека тендерот за софтверот еднаш бил поништен за потоа преку постапка со преговарање без објавување на оглас, надградбата на софтверот да ја добие компанијата „Дуна“.

Досега софтверот за изборните резултати го одржуваше компанијата Ајвоут која два пати се жалела на изборот на Дуна.