Отворена градинка во општина Ранковце

Министерот за труд и социјална политика Диме Спасов, денесka свечено отвори градинка во други просторни услови во општина Ранковце, во адаптиран училишен простор, во рамки на  ОЈУ „Детелинка“ од Крива Паланка.

Спасов изјави, дека со отворањето на оваа група, која за почеток ќе опфаќа 26 деца на возраст од три до шест години во полудневен престој, се решава еден долгогодишен проблем на жителите на општината, чии деца сега ќе можат да бидат опфатени во системот на згрижување на деца од предучилишна возраст.

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.