Отворена истрага против осомничен за разбојништвото во Брза пошта

Споменатиот инцидент се случи на 16-ти октомври, кога сега идентификуваното лица под закана со пиштол ја ограбил канцеларија „Брза Пошта“ на булевар „Јане Сандански“, и одземало повеќе од десет илјади евра

Инцидентот се случил малку по седум часот утрото, кога разбојникот со закана со пиштол од вработена во канцеларијата одзел 680.000 денари и побегнал. ж

Но при извршување на грабежот лицето не било маскирано, а по неговото идентификување и лишување од слобода, извршено е и препознавање на осомничениот.

„Основното јавно обвинителство Скопје донесе во неделата Наредба за спроведување истражна постапка за едно лице за сторено кривично дело Разбојништво од чл. 237 ст.1 од Кривичниот законик. Лицето е осомничено дека на 16.10.2018 година, заканувајќи се со пластичен пиштол, извршил разбојништво во канцеларија на Брза пошта во Аеродром, при што одзел значителна сума пари, а вработената ја заклучил во тоалетот и избегал“, се прецизира во соопштението

Надлежен јавен обвинител до судија на претходна постапка достави Предлог за определување мерка притвор за осомничениот, но судијата донесе Решение со кое на лицето му определи мерка куќен притвор.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.