Отворена понуда за Пандев од претседателот на Џенова

Македонскиот репрезентативец, Горан Пандев се уште нема донесено одлука каде и дали ќе ја продолжи фудбалската кариера.

Тој не крие дека единствена желба му е да избори пласман на ЕП во фудбал следната година, а за такво нешто претседателот на Џенова, Енрико Пречиози изјави дека дека веќе разговарал со Пандев за да продолжи да го носи дресот на овој тим, што значи дека неговата кариера ќе продолжи.

„Се сретнав со Пандев и го прашав: Дали сакаш да играш на ЕП? Тогаш, имаш отворена понуда, остани и играј тука додека сакаш. Пандев е еден од најсериозните фудбалери со кои се имам сретнато, тој има огромно позитивно влијание врз нашиот тим и нормално е да се чувствувам приврзано кон него“- изјави Пречиози.

УЕФА утре ќе го објави новиот термин за одигрување на бараж-дуелот од Лигата на Нации меѓу Македонија и Косово.